Почетна » Новости » Мода » Шоуто на Victoria’s Secret е откажано откако брендот наиде на критики поради недостиг на разноликост

Шоуто на Victoria’s Secret е откажано откако брендот наиде на критики поради недостиг на разноликост

Оваа година, Victoria’s Secret нема да го одржи спектакуларното шоу кое речиси 25 години привлекуваше милионска публика.

Од L Brands, компанијата која стои зад американскиот бренд за долна облека, официјално потврдија дека „ангелската“ ревија нема да се одржи.

Шоуто на VS Шоуто на VS

„Бараме начини како да го подобриме позиционирањето на брендот и како најдобро да им го пренесеме тоа на нашите потрошувачи“ – изјавија од компанијата.

Уште во јули годинава, Шанина Шајк изјави дека шоуто е откажано, но дури вчера тоа беше официјално потврдено.

„За жал, годинава нема да има шоу на Victoria’s Secret. Но, сигурна сум дека во иднина нешто ќе се случува. Сигурна сум дека тие работат на развивање на брендингот и на нови начини како да го направат шоуто, бидејќи тоа е најдоброто шоу на светот“ – рече познатиот модел.

Шанина Шајк

Оваа одлука беше донесена откако долго време се зборуваше дека продажбата им е значително влошена и дека минатогодишното шоу имало најмала гледаност во историјата на Victoria’s Secret. Во годината која измина не беа ретки критиките дека на брендот му недостига разноликост во време кога модната индустрија е сè поотворена за различни форми и големини на телото.

Шоуто на VS

„Сметаме дека е важно да го развиеме маркетингот на Victoria’s Secret“ – додадоа од компанијата.

Шоуто за првпат беше одржано во 1995 година и многу брзо стекна светска популарност. Неговиот рејтинг започна да опаѓа откако потрошувачите започнаа да коментираат дека брендот идеализира премногу слаби модели.

Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Шоуто на VS Ревијата на VS Ревијата на VS Шоуто на VS Ревијата на VS Шоуто на VS

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.