Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Шик ревија на Mango во Барселона – колекција пролет/лето 2015

ФОТО: Шик ревија на Mango во Барселона – колекција пролет/лето 2015

Боемските седумдесетти години оживеаја на ревијата на Mango, одржана во рамките на популарниот моден настан 080 Barcelona Fashion.

Елиза Седнауи го означи почетокот на шоуто, на кое се чувствуваше духот на Вудсток и беше очигледно влијанието на стилот на артисти како Џони Мичел и Пети Смит.

Лежерноста и младешкиот дух на моделите дефинитивно ќе ја освои секоја урбана девојка. Лесни фустани и здолништа, динамични принтови, реси, превртена кожа, тексас... несомнено колекцијата ги спојува најголемите трендови за претстојната топла сезона.

Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango
Mango Mango

Меѓу славните гости беше и Елетра Роселини Видерман, ќерка на незаборавната Изабела Роселини и внука на легендарната Ингрид Бергман. „Отсекогаш сакав да работам со Mango. Како модели, немаме секогаш можност да создадеме поблизок однос со брендовите за кои работиме, но јас секогаш се чувствувам среќно при средбите и работењето со семејството Mango“ – изјавила таа.

И германската манекенка Надја Ауерман имала само пофални зборови за претставената колекција. „Особено сум возбудена за ова модно шоу. Ја сакам Барселона и Mango како модерен бренд. Оваа сезона колекцијата е со хипи инспирација, а јас некогаш бев хипи девојка, така што навистина ја обожавам“ – рекла таа.

Вчера беа објавени и првите промотивни фотографии на Mango за сезоната пролет 2015 со Ана Еверс.

Видео од ревијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11795 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.