Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Провокативност и женственост во високата мода од ателјето на Версаче

ФОТО: Провокативност и женственост во високата мода од ателјето на Версаче

Еднакви дози на провокативност и женственост зачинети со рокенрол шмек ја освојуваа модната тајфа на ревијата со која Версаче го означи стартот на Париската недела на високата мода. Традиционално, Донатела Версаче секоја сезона прва открива што се кроело, шиело и везело рачно во нејзиното ателје.

Талентираната дизајнерка овој пат иницира истражување на женската фигура, односно на женските облини, па сите сексапилни отсечоци се карактеризираат со интересни свијоци, изработени со хируршка прецизност.

Модната куќа се дистанцира од колоритни експерименти и се ослони на четири класични бои – црна, бела, црвена и кралска сина. Повеќето од креациите го прегрнуваат женското тело, но има и мали изненадувања кај силуетите – фустани со А-линија и елегантни ѕвонарки кои асоцираат на 70-тите години.

Мала армија славни манекенки дефилираа во француската метропола, меѓу кои беа Карли Клос, Наташа Поли, Џордан Дан, Џоан Смолс и Линдзи Виксон. Модните ветеранки Ева Херцигова и Амбер Валета ја завршија ревијата со атрактивни фустани кои најверојатно ќе си го пронајдат патот до црвениот тепих.

Колекција на Версаче Колекција на Версаче

„Има толку многу убави аутфити, што ќе биде многу тешко да се избере еден. Но, комбинезонот што го носеше Карли беше неверојатен“ – изјавила актерката Кејт Хадсон која седеше во првиот ред заедно со мајка си Голди Хоун.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.