Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Поканете го духот на авантурата со новата колекција на Timberland

ФОТО: Поканете го духот на авантурата со новата колекција на Timberland

Timberland ги привлекува лицата кои константно се во движење и обожаваат да се забавуваат на отворено со идејата да си ја обноват енергијата. Независно дали ќе отпатуваат некаде подалеку од градското лудило или ќе уживаат во некоја урбана оаза, модерните авантуристи ќе посакаат да го надополнат својот стил со модни парчиња од колекцијата пролет/лето на познатиот бренд.

Женската колекција на Timberland е посмела отсекогаш. Инспирирана од живите бои и промената на сезоните во Нова Англија, како и од вродениот копнеж за авантура, колекцијата е богата со текстури и комплексни детали.

По 35-годишно искуство во изработката на бродските чевли, Timberland оваа сезона ги дополнува во поглед на боите и дизајнот, давајќи им модерен изглед на овие класични модели кои ги освојуваат како мажите, така и жените и децата.

Рачно изработената колекција „Hookset“ е направена од 100% органски памук, природна гума, кожа и алуминиум и е резултат на традиционалната изработка на Timberland комбинирана со еко-свесноста. Освен чевлите и облеката, оваа сезона колекцијата „Hookset“ е дополнета со ранци и чанти.

Во последните неколку сезони, Timberland ги привлекува женските погледи и со атрактивни сандали, со кои модните ентузијастки можат да го продолжат своето патување од градските улици на морски или езерски плажи.

Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland Timberland

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.