Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Најплатените супермодели и нивната заработка

ФОТО: Најплатените супермодели и нивната заработка

Стотици илјади млади девојки секоја година ги прават првите чекори во модниот свет, но само малку од нив успеваат. Постигнувањето на успех во модната индустрија не е проследено само со светска популарност, туку и со дебела банкарска сметка. Првите десет најплатени супермодели на светот во изминативе 12 месеци вкупно заработиле нешто помалку од 100 милиони долари.

Жизел Бундхен не го отстапува своето место од врвот. Долгоногата ветеранка на модните писти веќе неколку години по ред ја добива титулата „Најплатен модел на светот“.

Жизел Бундхен

Со заработка од 45 милиони долари таа убедливо застана на чело на листата, пред Кејт Мос која во изминативе година дена го зголемила своето богатство со 9,2 милиони долари.

Жизел БундхенКејт МосНаталија ВодијановаАдријана ЛимаДауцен КрусАлесандра АмбросиоМиранда КерЛара СтоунКаролин МарфиКендис Сванапул

1. Жизел Бундхен

Заработка: 45 милиони долари

2. Кејт Мос

Заработка: 9,2 милиони долари

3. Наталија Водијанова

Заработка: 8,6 милиони долари

4. Адријана Лима

Заработка: 7,3 милиони долари

5. Дауцен Крус

Заработка: 6,9 милиони долари

6. Алесандра Амбросио

Заработка: 6,6 милиони долари

7. Миранда Кер

Заработка: 4 милиони долари

8. Лара Стоун

Заработка: 3,8 милиони долари

9. Каролин Марфи

Заработка: 3,5 милиони долари

10. Кендис Сванапул

Заработка: 3,1 милиони долари

Минатата година Хајди Клум беше на второто место на листата, а и оваа година со заработени 20 милиони долари повторно ќе беше зад Жизел. Но, бидејќи Хајди се повлече од манекенските води, од Форбс сметаат дека таа веќе е во категоријата бизнис жена, а не модел, па исто како и Тајра Бенкс, не ја земаат во предвид при составувањето на листата.

При креирањето на листата се земени во предвид заработките на убавиците во периодот од 1 мај 2011 до 1 мај 2012.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.