Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модерна женственост од Зухаир Мурад – колекција pre-fall 2015

ФОТО: Модерна женственост од Зухаир Мурад – колекција pre-fall 2015

Зухаир Мурад поседува талент кој му овозможува да ги претвори женските модни фантазии во реалност. Креациите со негов потпис сè почесто се присутни на холивудските свечености, а сè повеќе славни дами влегуваат во големиот круг на негови обожавателки.

Либанскиот дизајнер денес обелодени што се креираше во неговото ателје во изминатиов период. Меѓусезонската колекција е базирана на модерна женственост, а збогатена со декоративни елементи инспирирани од флората.

Мурад експериментираше со хипнотизирачкиот ефект на црно-белите риги, си поигра со транспарентноста и ја искористи безвременската убавина на едноставните кроеви. Елегантни фустани, модерни комбинезони, здолништа тип „молив“ и панталони со прав крој ја скокоткаат женската љубопитност. Покрај класичната црна и бела боја, во колекцијата го задржуваат погледот и софистицирани розови, сини и тиркизни нијанси.

Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад

Мурад пред еден месец се закити со наградата Моден визионер, која му беше доделена на Elle Style Awards Elidor 2014 во Истанбул.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.