Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кендис Сванапул дизајнираше фармерки за хуманитарни цели

ФОТО: Кендис Сванапул дизајнираше фармерки за хуманитарни цели

Кендис Сванапул накратко заплива во дизајнерските води. Во соработка со брендот Mother, атрактивната Јужноафриканка креираше капсулна колекција фармерски панталони.

Седумте модели се инспирирани од уличниот стил во 90-тите години и се идеални за релаксиран кежуал изглед.

Фотографиите за кампањата се дело на Расел Џејмс, фотографот пред чиј објектив редовно застануваат ангелите на Victoria’s Secret.

Најдоброто кај колекцијата на Кендис е што е за хуманитарни цели. Имено, приходите ќе бидат донирани во јужноафриканската организација mothers2mothers, која се стреми до го превенира пренесувањето на ХИВ од мајките кај нивните бебиња.

Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул Кендис Сванапул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11027 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.