Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Жизел прослави за 20-годишната кариера со 5 едиторијали за „Вог“

ФОТО: Жизел прослави за 20-годишната кариера со 5 едиторијали за „Вог“

Жизел Бундхен ја прослави 20-годишнината од својата кариера со пет едиторијали за „Вог“ Бразил.

Мајското издание, кое е посветено на 40-годишнината од основањето на модното списание во Бразил, има четири теми – земја, оган, вода, воздух и за секоја од нив 34-годишната Бразилка има снимено соодветен едиторијал.

За фотосесиите биле задолжени повеќе фотографи меѓу кои прочуеното дуо Инез и Винуд, Пауло Вајнер, Зи Нунес и Ги Паганини.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен

Во интервјуто Жизел изјавила дека сакала да направи нешто специјално за ова издание на списанието. „Кога дојде идејата да направиме нешто специјално со „Вог“ во чест на 20-годишнината од мојата кариера и 40-годишнината на списанието, знаев дека не сакам тоа да биде само мода. Сакав да покажам нешто повеќе, нешто што е дел од мојата природа“ – рекла Бундхен.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен

„Ако не можеш да го промениш правецот на ветерот – прилагоди ги едрата“ – напиша Жизел на Instagram на една од фотографиите.

Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен Жизел Бундхен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11245 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.