Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ели Сааб маѓепсува со гламурозна колекција инспирирана од Бејрут

ФОТО: Ели Сааб маѓепсува со гламурозна колекција инспирирана од Бејрут

Рајски моден спектакл ги маѓепса присутните на ревијата на Ели Сааб. Кога либанскиот дизајнер креира висока мода, невозможно е да не се чујат воздишки и громогласни аплаузи.

Париската ревија ја однесе публиката на гламурозно патување низ прекрасниот спомен кој Сааб го негува за својата татковина, а поточно за Бејрут. „Прекрасен спомен за Бејрут често ме посетува во сон. Дарежлив и толерантен Бејрут, исполнет со љубов. И гламурозен. Прекрасен спомен кој никогаш не престанува да ме инспирира – тоа ја инспирираше оваа колекција. Колекцијата е во чест на градот кој го сакам. Мојот Бејрут“ – пишува Сааб на својот сајт.

Златната доба од 60-тите години, елеганцијата, храброста и грациозноста на бејрутската жена, обновувањето во 90-тите години, како и подемите и падовите на главниот град на Либан, стојат во темелите врз кои е градена колекција пролет/лето 2015.

Сааб за инспирација непрекинато се навраќа на фотографија од најважната жена во неговиот живот – неговата мајка. „До ден-денес, сè уште сум маѓепсан од јасна визија: мајка ми во вечерен фустан. Лалиња испечатени на свила. Визија која го разгори мојот пламен како дизајнер. Во секоја колекција која сум ја зачнал, непрекинато се појавува прекрасната слика од мојата мајка во овој свилен фустан со лалиња“ – објаснува талентираниот креатор.

Нежните креации на ревијата блескаа исто како да беа прекриени со стотици ситни ѕвезди. Деликатните ткаенини, гламурозните кристали и мониста, екстравагантните пердуви и цветните апликации ја збогатија колекцијата со магнетски шарм.

Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб Колекција на Ели Сааб

Видео од ревијата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.