Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 13-годишната сестра на Кејт Мос влезе во модните води

ФОТО: 13-годишната сестра на Кејт Мос влезе во модните води

На фотографиите од свадбата на Кејт Мос една од петнаесетте деверуши на познатата манекенка привлече големо внимание. Станува збор за нејзината полусестра Шарлот Лоти Мос (Кејт и Шарлот имаат ист татко).

Уште по објавувањето на фотографиите, во модните кругови веднаш започна да се зборува за нејзината иднина како модел. Сепак, 13-годишната Шарлот не можеше веднаш да скокне во модните води затоа што нејзината мајка забранила тоа да се случи пред таа да наполни 14 години.

Но, очигледно мајката на малата Мос не си стоела на зборот. Само три месеци по свадбата, на интернет започнаа да кружат фотографии од првата фотосесија на Шарлот. Иако не се знае дали фотографиите направени од Андреа Картер-Боумен се објавени некаде, едно е сигурно – ова нема да биде последен пат да читаме за младата Шарлот. Иако изгледа многу повозрасна за своите години, Шарлот поседува црти и талент за какви што моделите сонуваат.

Шарлот Мос
Шарлот Мос Шарлот Мос
Шарлот Мос Шарлот Мос
Шарлот Мос
Шарлот Мос Шарлот Мос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.