Почетна » Новости » Мода » Свечено отворање во срцето на Скопје: Италијанскиот бренд за накит Rebecca пристигна во Македонија

Свечено отворање во срцето на Скопје: Италијанскиот бренд за накит Rebecca пристигна во Македонија

Модерна естетика, 100% италијанско производство, софистицирани дизајни кои би ја освоиле секоја современа дама... Накитот Rebecca пристигна во Македонија.

Со отмена свеченост во срцето на Скопје и во присуство на бројни јавни личности, синоќа беше одбележано отворањето на првиот ексклузивен продажен салон на италијанскиот бренд во нашата држава.

Rebecca Македонија

На големото отворање присуствуваше и главната „виновничка“ за името на брендот, Италијанката Ребека Тести, чиј татко Алесандро ги постави темелите на модниот феномен кој сега го освојува светот. Во својот говор, таа ѝ се заблагодари на Ива Милошевска, која е најзаслужна за отворањето на продажниот салон кај нас.

Rebecca Македонија Rebecca Македонија

„Не станува збор само за поставување на ново знаменце на одредено место или град. Понекогаш најважни се луѓето и не се работи за пронаоѓање на најдоброто место, туку на најдобрите луѓе, најдобрите партнери.

Сакам да ѝ се заблагодарам на Ива и нејзиното семејство, затоа што верувам дека најдовме многу, многу добар партнер, најдобриот партнер. Ти посакувам среќа.“

Ребека Тести

Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија

Каролина Гочева, како протагонистка во првата македонска кампања на Rebecca, со задоволство гостуваше на свеченоста. Македонската музичка ѕвезда избра црн урбан стајлинг.

Rebecca Македонија Rebecca Македонија

Италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео, кој заедно со сопругата Антонела присуствуваше на настанот, испрати искрена порака за успех и благодарност за проширувањето на бизнис партнерствата помеѓу Македонија и Италија.

Rebecca Македонија Rebecca Македонија

Меѓу гостите беа и амбасадорот Џес Бејли со сопругата Кејпи Полк Бејли, стилистот Александар Билјановски – Дадар, пејачот Брејк со сопругата Драгана Клопчевска и кошаркарот Перо Антиќ.

Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија

Видео

Елегантно уредениот простор во Рамстор го истакнува шармот на накитот и му дозволува да блесне во полн сјај.

Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија Rebecca Македонија

Првите фотографии од кампањата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11794 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.