Семејството Трамп го означува почетокот на празничната сезона. Во Белата куќа традиција е Претседателот да помилува мисирки непосредно пред Денот на благодарноста, па Доналд Трамп со најблиските присуствуваше на кратка церемонија за помилување на мисирките Грашок (Peas) и Морков (Carrot).
Најголемо внимание на настанот привлече Меланија со својот моден избор. Геометриското палто од Диор, за кое се смета дека чини 9.400 долари, е масовно коментирано на социјалните мрежи. Додека некои имаат пофалби за стајлингот на Првата дама на САД, други остро ја критикуваат цената и го исмејуваат изгледот.





Впечатливото палто Меланија го искомбинира со црна блуза и панталони, како и чизми на висока штикла од Кристијан Лобутин.













Истата стилска формула Меланија ја искористи и за пречекот на големата елка во Белата куќа, само што во таа прилика носеше карирано палто од Мајкл Корс.


На празничната церемонија во Вашингтон присуствуваа и двете ќерки на Трамп, Иванка и Тифани, како и неговиот син со Меланија, Барон.










