Почетна » Новости » Мода » Запознајте ја хрватската блогерка Соња Ковач, која се откажа од актерството за да се занимава со мода

Запознајте ја хрватската блогерка Соња Ковач, која се откажа од актерството за да се занимава со мода

Хрватка се откажала од својата кариера како актерка за да го следи својот сон и да работи во модната индустрија.

Соња Ковач денес е една од најплатените и најпопуларните хрватски блогерки. 34-годишната поранешна актерка е сопственичка на сајтот за убавина и мода xoxosonja.com, а на Instagram поседува мрежа од над 320 илјади обожаватели.

Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач

Ковач постојано патува низ светот, редовно присуствува на светските модните недели во Њујорк, Париз, Лондон и Милано, секојдневно споделува совети за мода и убавина и има свој YouTube канал, па не е ни чудо што ја следат стотици илјади луѓе на социјалните мрежи.

Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач

Љубовта кон модата, Соња вели дека ја наследила од својата мајка. „Отсекогаш посакував да се дотерувам и да смислувам супер аутфити, тоа ми го всади мајка ми уште како мала. Со текот на времето започнав да пишувам на блогот за тоа што носам, како ја комбинирам облеката, за одредени парчиња, кои се трендовите за есен/зима, пролет/лето... За некои неносливи нешта за кои имав потреба да пишувам на кој начин да ги префрлите на нашите улици и во нашиот менталитет“ – вели таа.

Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач

Иако е љубителка на Instagram, Соња вели дека ѝ пречи тоа што таму се наметнуваат некакви неприродни стандарди за убавина и дека корисниците премногу ги средуваат своите фотографии.

„На девојките им се дава пример дека треба да имаат совршено лице и да изгледаат вештачки, а јас се залагам за природен стил. На социјалните мрежи никако не ми е прифатлив говорот на омраза, сметам дека тоа пред сè е прашање на воспитување. На социјалните мрежи најмногу ми се допаѓаат нештата кои се убави, слатки, ненаметливи и природни“ – вели Ковач.

Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач Соња Ковач

Сепак, и покрај тоа, таа добро знае дека за успешна Instagram објава потребно е да се избере совршена фотографија, која ќе биде и соодветно дигитално обработена. Па, затоа таа одделува голем дел од своето време за креирање на таква фотографија.

„Една третина од мојата работа е избирањето на фотографија. Мора да се направат многу од нив за да се дојде до онаа совршената за Instagram или Facebook или до оние 7-10 совршени за блогот“ – објаснува таа за својата работа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11829 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.