Почетна » Новости » Мода » Зад сцената: Каролина Гочева дама со стил во модната кампања на Rebecca

Зад сцената: Каролина Гочева дама со стил во модната кампања на Rebecca

Со цел да се шири позитивност и оптимизам во овие моменти, Каролина Гочева го објави старо-новото видео од првата кампања снимена за италијанскиот бренд за накит Rebecca.

Нашето „македонско девојче“ во својата објава на Инстаграм напиша: „Сонцето повторно ќе сјае, а приказната ќе продолжи! Видео зад камерите од далечната 2019“.

Материјалот ја носи нумерата „Ајде да летаме“ во прекрасна изведба на Македонскиот филхармониски оркестар, во аранжман на Никола Мицевски.

Видео

Претставничките на италијанскиот бренд Rebecca за Македонија велат дека Каролина е извонреден професионалец и соработката со неа, како амбасадор на брендот за нашата земја, секако планираат да продолжи со нови и проширени содржини.

„Освен што е врвен артист, прекрасна и исклучителна личност, Каролина е грацилна дама која магично и извонредно знае да го носи секое парче накит од секоја колекција, воодушевува со својата отменост и совршено се вклопува во филозофијата на брендот Rebecca" – додаваат тие.

Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.