Почетна » Новости » Мода » Едноставна елеганција: Војвотката Меган во црна креација на забава во градина во Даблин

Едноставна елеганција: Војвотката Меган во црна креација на забава во градина во Даблин

Војвотката Меган вчера дефинитивно имаше активен ден. Неколку часа по завршувањето на прославата по повод 100-годишнината од формирањето на Кралските воздушни сили, таа и принцот Хари одлетаа на официјална посета на Ирска.

36-годишната претставничка на британското кралство семејство пристигна со стил во Даблин облечена во темнозелен стајлинг од Живанши, но подоцна се пресоблече во црна креација од Емилија Викстед за забава организирана во резиденцијата на британскиот амбасадор во Ирска.

Својот изглед, поранешната актерка го надополни со обувки од Aquazzura и мала чантичка од Живанши.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

Во својот говор, Хари изрази задоволство што е на првата официјална меѓународна посета по свадбата.

„Задоволство ни е што сме тука, за нашата прва официјална меѓународна посета заедно како брачен пар и се надеваме дека ќе следуваат уште многу повеќе. Уверен сум дека пријателството, соработката и заемното разбирање кои нашите две земји ги градеа со текот на годините ќе траат и ќе се зголемуваат“ – рече тој.

Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9486 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.