Почетна » Новости » Мода » „Големината не треба да те ограничува“: Моделот со облини Ешли Грем лансираше колекција за сечие тело

„Големината не треба да те ограничува“: Моделот со облини Ешли Грем лансираше колекција за сечие тело

Ешли Грем креираше инклузивна модна колекција за сечие тело во соработка со брендот PrettyLittleThing.

Линијата на 30-годишниот модел, кој во модниот свет се прослави со своите облини, се фокусира на зголемување на самодовербата на жените и ги поттикнува да се чувствуваат неверојатно во своето тело без разлика на неговата големина. Моделите од колекција се достапни во сите конфекциски броеви од 6 до 28 (од 32 до 56).

Во колекцијата преовладуваат животинските принтови.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

„Возбудена сум што работам со PrettyLittleThing на ширењето на пораката #EveryBODYinPLT преку лансирањето на новата линија со инклузивни големини. PLT допира до милиони жени кои сакаат стилови кои се во тренд, а оваа колекција е потсетник дека твојата големина не треба да те ограничува да имаш достап до облеката што ја сакаш“ – изјавила Грем.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

Најавувајќи ја соработката со Ешли, директорот на модниот бренд Умар Камани изјави: „Чест ми е што ѝ посакувам добредојде на Ешли Грем во семејството PrettyLittleThingи што ќе соработувам со толку фантастична личност која им е идол на многу жени“.

Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем Ешли Грем

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11862 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.