Почетна » Новости » Мода » Garden: Романтична колекција од Антонија Ристовска – пролет/лето 2015

Garden: Романтична колекција од Антонија Ристовска – пролет/лето 2015

Антонија Ристовска ја претстави колекцијата „Garden“. Новата колекција на македонската дизајнерка е наменета за беспрекорната жена, жена ослободена од предрасуди, која знае да го обои животот, жена космополит.

Главни ѕвезди во фотосесијата се пејачката Јана Бурческа и манекенката Маја Ристевска.

Антонија ја претставува колекцијата преку две подколекции, кои се инспирирани од 50-тите и 70-тите години, во елегантен глам-стил. Едната е романтична во пастелни тонови, со дизајн инспириран од полското цвеќе, рајска градина и птиците во пролет, додека другата е со геометриски дизајни, применети во претходната колекција Art en Deco на Ристовска, кои сега во комбинација со големи цветни композиции го отсликуваат романтизмот на Art Nouveau движењето.

„Повеќето модели се надополнети со рачно изработени апликации и везови, со пролетен мотив, во форма на магнолии, ластовици... Кроевите кои се застапени се реекспрерија на кроеви препознатливи за брендот, а применете е и техниката мулаж при создавање на креациите. Посебна нота на колекцијата даваат дизајните на материјалите, кој е единствен и создаден за потребите на колекцијата“ – вели Ристовска.

Брендот Антонија Ристовска секогаш бил препознатлив по користење на квалитетни материјали. „Овој пат за потребите на колекцијата заедно со графички дизајнер од Италија создадовме уникатни дизајни на материјали кои се печатеа во Италија. Дизајните се во шест различни варијанти и припаѓаат на двете подколекции. Сите дизајни се печатени на природна свила“ – објаснува таа.

Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска Колекција на Антонија Ристовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.