Почетна » Новости » Истражувања » Секоја трета жена има паднато поради високи потпетици

Секоја трета жена има паднато поради високи потпетици

Високите потпетици се модерни и ја прават женската фигура посекси, но од друга страна можат да предизвикаат голема болка, повреди и да ви ја уништат забавата.

Милиони жени добиле медицинска помош или биле однесени во болница како резултат на високите потпетици, а уште повеќе секојдневно страдаат од болка само и само за да можат да ги носат омилените обувки.

Истражување во кое учествувале 3000 жени открило дека болката од високите штикли е честа појава кај жените и дека повредите предизвикани од нив не се реткост.

ЧевлиМодерните високи обувки биле причина за свиткан глужд или истегната тетива кај секоја петта жена

Истражувачите велат дека на една петтина од жените модерните високи обувки им донеле свиткан глужд или истегната тетива.

Но, истражувањето покажало дека често штиклите не предизвикуваат само болка, туку и срам. Дури една третина од жените имаат паднато како резултат на високите потпетици, а многу од нив поради падот си ги оштетиле забите или си го скршиле зглобот на раката.

Жените многу често купуваат чевли кои изгледаат убаво, без да се грижат дали се удобни за носење. Дури 60% од жените би продолжите да носат обувки кои им предизвикуваат болка ако некој им даде комплимент дека се многу убави.

Учесничките во истражувањето признале и дека високите потпетици често им ја уништуваат забавата. Дури 89% од жените некогаш биле принудени да ја завршат забавната вечер порано поради неудобните чевли.

Само 2% од учесничките изјавиле дека не носат високи потпетици.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.