Почетна » Новости » Истражувања » Русокосите жени заработуваат најмногу

Русокосите жени заработуваат најмногу

Британско истражување покажа дека русокосите жени годишно заработуваат по 600 фунти повеќе од жените со друга боја на косата.

Според извештајот од истражувањето во кое учествувале 3000 жени професионалци, просечната русокоса заработува 23 150 фунти годишно, просечната бринета 22 586 фунти, а просечната црвенокоса – 22 327. Ова важи и за природните русокоси и за оние кои користат боја за да се вбројат во таа група.

Русокоса бизнис женаРусокосите заработуваат повеќе од жените со друга боја на косата, но сметаат дека не се сфатени на работното место

Но, иако се најплатени, русокосите сметаат дека не се сфатени доволно сериозно на работното место, за разлика од бринетите кои сметаат дека се ценети од своите колеги и шефови. Па така, секоја осма од десет бринети изјавила дека се чувствува ценета на работното место.

Други интересни заклучоци од истражувањето се:

  • Црвенокосите најчесто го менуваат работното место со цел да најдат поплатена работа.
  • Бринетите најдолго остануваат на едно работно место со цел да можат да се искачуваат нагоре во организацијата.
  • На бринетите најважна им е големината на платата.
  • На русокосите најважно им е да воспостават добри односи со клиентите и да пронајдат добри пријатели меѓу колегите.
  • Русокосите најмногу се трудат да бидат ценети од колегите, за разлика од бринетите и црвенокосите на кои не им е важно дали ќе бидат ценети.
  • Бринетите најмногу работат по завршувањето на работното време, за разлика од русокосите кои заминуваат од работа веднаш по завршувањето на работното време.
  • Црвенокосите се најамбициозни и би работеле колку што може повеќе за да заработат повеќе.
  • Најмногу русокоси имаат диплома за завршено високо образование или магистратура.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.