Сигурно многупати сте слушнале дека мажите и жените кои не се во врска повеќе се грижат за изгледот, а оние кои се во долга врска со текот на времето го запоставуваат својот надворешен изглед.
Експертите тврдат дека периодот на „меден месец“ во врската трае точно 301 ден, а потоа и мажите и жените започнуваат да не се грижат дали изгледаат добро за своите партнери.
По 301 ден во врска, луѓето го запоставуваат својот изглед
Истражување нарачано од компанијата која стои зад Аткинсоновата диета покажало дека крајот на 10-тиот месец во врската е пресвртен момент, без разлика на возраста на партнерите.
Дури 90% од учесниците во онлајн истражувањето изјавиле дека преферираат да останат дома наместо да вежбаат, 45% признале дека се чувствуваат доволно комфорно за да не се грижат за изгледот, а 60% изјавиле дека едноставно престанале да се грижат.
Истражувањето покажало и дека мажите се многу полоши од жените во овој поглед. Цели 98% од мажите признале дека повеќе се грижат за внесените калории кога не се во врска, а 65% од жените го изјавиле истото.
Четвртина од учесниците ги посочиле лошите навики за хранење на својот партнер како причина за зголемувањето на сопствената телесна тежина.
		
