Почетна » Новости » Истражувања » Пасивното пушење убива 600 000 луѓе годишно

Пасивното пушење убива 600 000 луѓе годишно

Ако сè уште не сте успеале да се откажете од пушењето, следните податоци најверојатно ќе ве натераат уште веднаш да побарате совети за откажување од оваа штетна навика.

Истражување на Светската здравствена организација за прв пат објави податоци за ефектот од пасивното пушење во глобални рамки.

Жена што пушиПушењето убива повеќе од 5,7 милиони луѓе годишно

Податоците велат дека повеќе од 600 000 луѓе годишно умираат како резултат на пасивно пушење, а децата се најзасегната група. Дури 165 000 детски животи годишно завршуваат како резултат на изложеноста на чадот од цигарите.

Шокантните податоци потврдуваат дека 40% од децата, 35% од жените и 33% од мажите редовно се изложени на чад од цигари во затворени простории.

Светската здравствена организација преку истражување во 192 земји утврдила дека во 2004г. вкупно 603 000 луѓе умреле поради пасивното пушење. 379 000 од нив починале како резултат на болест на срцето, 165 000 од респираторни инфекции, 36 900 од астма, а 21 400 од рак на белите дробови.

„Проценивме дека пасивното пушење предизвикало 603 000 смртни случаи во 2004г. Кон оваа бројка треба да се додаде и бројката од 5,1 милиони смртни случаи предизвикани од активното пушење за да се добие целиот ефект од пасивното и активното пушење“ – изјавила претставничка на СЗО.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.