Почетна » Новости » Истражувања » Оревите му помагаат на телото да се справи со стресот

Оревите му помагаат на телото да се справи со стресот

Јаткастите плодови се незаменлив дел од здравата исхрана. Тие се особено популарни поради тоа што го намалуваат лошиот холестерол во телото, па експертите советуваат секојдневно да се консумира една шака јатки.

Ако треба да изберете какви јатки да јадете, изберете ореви. Ново истражување на Пен Стејт Универзитетот покажало дека оревите му помагаат на телото да се справи со стресот, затоа што го намалуваат крвниот притисок во стресни ситуации.

ОревиОревите го намалуваат крвниот притисок во стресни ситуации

Учесниците во истражувањето биле поделени во три групи и секоја група применувала различна диета: првата не вклучувала јаткасти плодови, втората вклучувала ореви и ореово масло, а третата – ореви и лененово масло.

По завршувањето на диетата, секој од доброволците требало да одржи 3-минутен говор и да ја потопи едната нога во ладна вода. И двете дејности предизвикуваат стрес. Просечниот дијастолен (долен) крвен притисок им бил значително намален на оние кои биле на диета богата со ореви и ореово масло.

„Овие резултати се во согласност со резултатите на неколку други истражувања кои покажувале дека оревите го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Тие упатуваат на тоа дека крвниот притисок се намалува и кога една личност е под стрес во секојдневниот живот“ – изјавила Шила Вест, која го предводела истражувањето.

Истражувањето покажало и дека лененовото масло нема никакво влијание на крвниот притисок, но има антивоспалително дејство врз артериите, што резултира со намален ризик од срцеви заболувања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11099 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.