Почетна » Новости » Истражувања » Македонија е на 49. место според половата рамноправност

Македонија е на 49. место според половата рамноправност

Ако барате рамноправност со посилниот пол, тогаш најдобро би било да живеете во Исланд, но никогаш не помислувајте да живеете во Јемен. Барем така вели новиот извештај Global Gender Gap 2010.

Светскиот економски форум во соработка со Универзитетот Харвард и Универзитетот Калифорнија ја создаде листата на земји рангирани според половата рамноправност за 2010г.

Полова рамноправностМакедонија е на 49-то место според половата рамноправност

На листата од вкупно 134 држави, Македонија е на 49-то место, веднаш пред Бугарија која го има 50-тото место. Со тоа Македонија бележи искачување од 4 места во периодот од минатата година. Сепак, треба да се има во предвид дека ова не е „најрамноправната година“. Во 2006г. нашата земја била рангирана на 28-то место од 115 земји.

Оваа година, од земјите во регионот единствено Словенија е пред нас на 42-то место. Помала рамноправност на мажите и жените има во Хрватска (53. место), Грција (58. место) и Албанија (78. место).

Најголема еднаквост на половите има во скандинавските земји. Прва на листата е Исланд, а веднаш зад неа се Норвешка, Финска и Шведска. Последните три места им припаднаа на Пакистан, Чад и Јемен.

Најголем пад оваа година доживеала Франција, која лани била рангирана како 18-та, а сега е на 46-то место. САД имаат најголем напредок од 12 места и од минатогодишното 31-во стигнаа до овогодишното 19-то место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.