Почетна » Новости » Истражувања » Мажите не можат да ѝ одолеат на дама во црвено

Мажите не можат да ѝ одолеат на дама во црвено

Долго време се смета дека жените кои носат црвена облека се поатрактивни и попосакувани од мажите. Но, со црвената облека жените не само што го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, туку и стануваат неодоливи, па поголема е веројатноста мажите да им пријдат.

Ново американско истражување покажа дека мажите се посклони да ѝ пријдат на жена и да флертуваат со неа ако таа е облечена во црвено.

Жена во црвеноМажите не можат да ѝ одолеат на жена во црвено

За целите на истражувањето, на група машки студенти им била покажана слика со средно привлечна жена облечена во црвено. На друга група им била покажана слика со истата жена облечена во сино. Потоа, секој од учесниците требало да каже што би сакал да ја праша жената од сликата.

Мажите на коишто им била покажана жената облечена во црвено поставувале прашања со кои повеќе би флертувале.

Во текот на втор тест на мажите им биле покажани фотографии и им било кажано дека ќе имаат шанса да зборуваат со жената од фотографиите. На секој учесник му било речено да земе еден стол и да го намести така што би седел наспроти жената кога таа ќе пристигне во собата.

Мажите на кои им била покажана фотографија од жената облечена во црвено ги поставувале столовите поблиску до местото каде што претпоставувале дека ќе седне жената.

„Кога жените се подготвуваат за состанок со маж кој го посакуваат, најдобро е да носат црвена блуза или фустан. Жените би биле поуспешни во онлајн состанувањето ако поставуваат слика на која носат црвена облека“ – изјавила Ниста Кејсер од Универзитетот Рочестер, којашто учествувала во истражувањето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11412 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.