Почетна » Новости » Истражувања » Контрацептивните таблети може да ве направат пољубоморни

Контрацептивните таблети може да ве направат пољубоморни

Жените кои употребуваат контрацептивни таблети може да станат пољубоморни и попосесивни во врската, тврдат британски научници.

Тие сметаат дека хормоните што се наоѓаат во некои таблети за контрацепција може да предизвикаат некои жени да започнат повеќе да се замислуваат за верноста на својот партнер. Жените кои користат таблети со повисоко ниво на естроген се најзасегнати од ваквиот ефект и дури е голема веројатноста тоа да влијае негативно на нивната врската.

Љубоморна женаКонтрацептивните таблети може да ве направат пољубоморни во врската

Д-р Крег Робертс ги набљудувал чувствата на 275 жени и проучувал колку тие им веруваат на своите партнери. Потоа побарал зависност помеѓу нивните одговори и различните контрацептивни таблети.

Тој открил дека таблетите кои содржеле повеќе естроген имале најголемо влијание на емоциите и предупредил дека жените и фармацевтските компании не се свесни за потенцијалните психолошки странични ефекти кои може да ги предизвикаат контрацептивните таблети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11066 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.