Почетна » Новости » Истражувања » Изгаснете го светлото за да слабеете

Изгаснете го светлото за да слабеете

Можеби ќе ви изгледа како апсолутна лага, но научниците тврдат дека за да одржувате нормална тежина потребно е да не го изложувате телото на светлина за време на вечерните часови.

Тие сметаат дека постојаното изложување на светлина за време на ноќта го менува метаболизмот и прави да трупате врз себе килограми, дури и без да ја зголемите количината на изедената храна.

СијалицаЗа да ја одржите својата линија, избегнувајте да сте изложени на светло во ноќните часови

Истражувачите откриле дека луѓето кои остануваат будни во текот на доцните вечерни часови ги менуваат и своите навики за хранење, така што консумираат повеќе храна навечер кога работата на метаболизмот е забавена.

За да дојдат до овој заклучок, тие набљудувале лабораториски глувци кои биле изложени на придушена светлина навечер во текот на 8 седмици. Во текот на тој период глувците се здебелиле за 30% повеќе во споредба со глувците кои биле чувани во темница.

„Иако немаше разлика во физичката активност или дневната консумација на храна, глувците кои живееја со запалено светло навечер се здебелија повеќе од другите“ – изјавила Лора Фонкен од Охајо Стејт Универзитетот.

Научниците сметаат дека седењето до доцна пред телевизор или компјутер е исто така штетно за линијата. Според нив, луѓето кои користат компјутер или ТВ навечер јадат во погрешно време и го нарушуваат метаболизмот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11143 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.