Почетна » Новости » Истражувања » Жените поминуваат 5 дена годишно пред огледало

Жените поминуваат 5 дена годишно пред огледало

Добро познат факт е дека жените поминуваат голем дел од времето пред огледало. Желбата да изгледаме што подобро нè принудува често да го гледаме својот одраз.

Британско истражување покажа дека жените поминуваат 5 дена годишно пред огледало со цел да го подобрат својот изглед.

Жена пред огледалоПросечната жена поминува 5 дена годишно пред огледало

Истражувачите откриле и колку шминка се користи. Секојдневно Британките користат толку многу кармин што може да се повлече линија од Лондон до Њујорк. Тие ставаат на своите лица 4000 литри пудра и со маскарата поминуваат 16 милиони пати по своите трепки.

Истражувањето, во кое учествувале 1000 жени, покажало и колку жените се зависни од шминката. Дури 40% изјавиле дека не би излегле од својот дом без шминка, а 19% признале дека би трошеле помалку пари за храна само и само да не кратат од својот буџет за продукти за разубавување.

Штета што истражувањето не ги проучило навиките за „висење“ пред огледалото на посилниот пол. Многу жени тврдат дека мажите се поголеми зависници од огледалото, па можеби резултатите ќе нè изненадеа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12033 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.