Почетна » Новости » Истражувања » Жените повеќе ги привлекуваат мажи опкружени со други жени

Жените повеќе ги привлекуваат мажи опкружени со други жени

Жените повеќе ги привлекуваат мажи кои се опкружени со други жени, тврдат научниците. Тоа може и да е одговорот на прашањето зошто некои жени се силно привлечени од женети мажи или мажи кои се во врска.

Маж и две жениЖените повеќе ги привлекуваат мажи кои се опкружени со други жени

Во текот на едно истражување, на жени им биле покажувани фотографии од мажи кои потоа требало да ги оценат според привлечноста. Мажите кои биле во друштво на други жени биле оценети како попривлечни отколку мажите кои биле со друг маж или пак сами.

Истражувачите сметаат дека причината за таквата појава е што кога луѓето оценуваат дали некој е привлечен или не, се влијаат и од она што им го потскажуваат околните. Ако една жена здогледа маж во друштво на други жени, таа потсвесно ќе прими информација дека тие го сметаат за привлечен и нејзиниот интерес кон него ќе се зголеми.

Во рамките на друго слично истражување во кое жените требало да оценуваат фотографии од мажи, учесничките со статус сингл покажале најголем интерес кон мажите за кои им било кажано дека се во врска. Од друга страна, мажените учеснички биле позаинтересирани за мажите кои не биле во врска.

Овој заклучок не важи само за луѓето. Научници докажале дека женките риби и птици ги сметаат мажјаците за попривлечни ако претходно ги виделе со друга женка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.