Почетна » Новости » Истражувања » Жените издржуваат на диета во просек само по 8 дена

Жените издржуваат на диета во просек само по 8 дена

Најголем дел од жените постојано се обидуваат да ослабат некое килце и редовно се во потрага по нова диета. Но, истражувањата покажуваат дека ентузијазмот за слабеење кај понежниот пол многу брзо исчезнува и просечната жена успева да се придржува кон даден режим на исхрана само 8 дена.

ДиетаПросечната жена се придржува кон дадена диета само 8 дена

Истражување на брендот Slim-Fast покажа дека само 4% од жените се задоволни со својот изглед, а 42% се обидуваат да ја намалат својата тежина.

Истражувањето ги открило и причините кои ги мотивираат жените да започнат да се грижат за внесените калории.

Најмногу жени започнуваат диета поради што се уплашиле од тоа како изгледаат во огледалото. Други пак започнуваат диета поради некој коментар на нивниот партнер, а трети, поради објавена фотографија на социјалната мрежа Facebook на која не изгледаат баш најдобро.

Колку и да се мотивирани на почетокот, жените брзо ја губат волјата за слабеење и најголем дел од нив не остануваат на диета повеќе од 8 дена.

Со ова истражување било откриено и дека жените во просек вежбаат само по два и пол часа неделно.

„Кога и да започнам нова диета сум решена да се придржувам кон неа. Ќе започнам во недела и ќе ми оди одлично во текот на работната седмица, но кога ќе дојде наредниот викенд ќе се откажам и ќе консумирам брза храна. Тоа се случува два до три пати годишно. Сум била на многу диети во текот на изминатите години“ – изјавила 26-годишната Рејчел Стоун.

Се препознавате ли во нејзината изјава? Јас да.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9523 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.