Почетна » Новости » Истражувања » Долгата врска води до подобро здравје

Долгата врска води до подобро здравје

Многупати било докажано дека луѓето кои се во врска се посреќни и имаат подобро здравје. Ново истражување потврди дека луѓето кои се во долга врска имаат подобро психичко здравје, без разлика дали се во брак или само живеат заедно.

Заљубен парЛуѓето кои се во врска повеќе од 5 години имаат подобро психичко здравје

Истражувањето спроведено во Нов Зеланд покажало дека оние кои се во врска подолга од пет години е помалку веројатно да бидат депресивни, да размислуваат за самоубиство или да станат зависни од алкохол или дрога.

На возраст од 30 години, 16% од луѓето кои не биле во врска и 26% од оние кои биле во врска пократка од 2 години покажувале симптоми на депресија. Но, тој процент бил нешто помал од 10% кај оние кои биле во врска од 2 до 4 години и изнесувал само 9% кај луѓето кои биле во врска повеќе од 5 години.

Истражувањето исто така открило дека појавата на алкохолизам или зависност од дрога била значително поретка кај луѓето кои биле подолго во врска. Така, 12% од оние кои не биле во врска и 13,5% од оние кои биле во врска пократка од 2 години имале проблеми со прекумерната употреба на алкохол или дрога. За споредба, тој процент бил 4% кај луѓето кои биле во врска од 2 до 4 години и изнесувал само 3% кај оние кои биле во врска подолга од 5 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.