Почетна » Новости » Истражувања » Вербата во Господ им помага на луѓето да живеат подолго

Вербата во Господ им помага на луѓето да живеат подолго

Без разлика на религијата, луѓето кои веруваат во Господ живеат подолго, тврдат научници.

Во рамките на ново истражување, експертите 4 години набљудувале пациенти кои имале операција за трансплантација на џигер. Тие откриле дека пациентите кои често барале помош од Господ имале поголеми шанси да преживеат, во споредба со пациентите кои не биле религиозни.

Жена со подигнати раце кон неботоБез разлика на религијата, луѓето кои веруваат во Господ живеат подолго

Две години по операцијата, религиозните пациенти имале 3 пати поголеми шанси да преживеат. Три години по операцијата, само 7% од оние кои верувале во Господ починале, а дури една петтина од оние кои не верувале не преживеале.

Резултатите од ова истражување се поклопуваат со резултатите од други истражувања кои досега покажале дека пациентите со ХИВ, срцеви болести и дијализа на бубрезите имаат подобри шанси да преживеат ако се религиозни.

Минатиот месец истражувачите од Пен Стејт Универзитетот открија дека губењето на верата и напуштањето на строга религија влијаат лошо врз здравјето на луѓето. Тоа е така затоа што во такви случаи луѓето се склони повеќе да пијат и да пушат и се поранливи од стресот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.