Почетна » Новости » Истражувања » Бадемите се борат против грип и настинка

Бадемите се борат против грип и настинка

Ви се грицка нешто? Земете бадеми и уживајте во нивниот вкус. Бадемите го подобруваат здравјето на многу различни начини, а сега научниците покажаа уште и дека се борат против вирусните инфекции како настинка и грип.

БадемиБадемите го зајакнуваат имунитетот и се борат против грип и настинка

Ново италијанско истражување откри дека природните супстанции кои се создаваат во надворешниот слој на бадемите го зајакнуваат имунитетот и со тоа му помагаат на телото да се бори против такви инфекции.

Истражувачите тврдат дека консумацијата на бадеми ја подобрува способноста на белите крвни зрнца да ги откријат вирусите и ја зголемува способноста на телото да го спречи размножувањето на вирусите. За да го докажат тоа, научниците тестирале колку е ефективен екстрактот од надворешниот слој на бадемот во борбата против Herpes Simplex Virus 2.

Потребни се повеќе истражувања за да се утврди колку бадеми треба да се консумираат. Експертите советуваат дека редовната консумација може да им помогне на луѓето да не се заразат со вирус, а на оние кои веќе се заразени, полесно да се борат против болеста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11049 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.