Почетна » Новости » Истражувања » Ако јадете пред компјутер, побрзо ќе огладнете

Ако јадете пред компјутер, побрзо ќе огладнете

Денес луѓето тешко се одделуваат од своите компјутери и често ги консумираат оброците токму на своите бироа додека играат, работат или гледаат некој филм. Но, научниците предупредуваат дека таквата навика придонесува за зголемување на телесната тежина.

Научници од Бристол откриле дека луѓето кои јадат пред компјутер побрзо огладнуваат по оброкот и подоцна во текот на денот консумираат повеќе храна. Тие дошле до овој заклучок откако со своето истражување проучувале како помнењето и вниманието влијаат на апетитот.

Жена што јаде пред компјутерЛуѓето што јадат пред компјутер побрзо огладнуваат по оброкот

Во текот на истражувањето, научниците им дале на една група учесници да јадат ручек составен од 9 различни продукти додека на компјутер ја играат играта со карти „Solitaire“. На друга група им дале да го јадат истиот ручек, но да го консумираат без никакви пречки.

Тимот научници открил дека оние учесници кои играле карти додека јаделе по оброкот се чувствувале погладни во споредба со другите учесници, а и потешко можеле да се сетат што точно имале за ручек. Но, учесниците кои јаделе пред компјутер консумирале и двапати повеќе храна во периодот од еден час по ручекот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12026 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.