Почетна » Новости » Занимливости » „Ќе заспијам пијана од среќа и љубов“: Сара Мејс со фотографија од бебенцето сподели дека го доби второто дете со Димитар Атанасовски

„Ќе заспијам пијана од среќа и љубов“: Сара Мејс со фотографија од бебенцето сподели дека го доби второто дете со Димитар Атанасовски

Сара Мејс се породи. Македонската музичарка го донесе на свет второто дете, а среќната вест ја соопшти на Instagram.

„Добредојде Кирил, јунак наш“ – напиша таа и објави фотографија на која позира со новороденчето заедно со сопругот Димитар Атанасовски.

„Вечерва ќе заспијам пијана од среќа и љубов... Нема по Големо и Возвишено нешто на Универзумов. Фала Ви на сите дечки за љубовта и поддршката, Ви посакувам сто илјади убавини, среќи, благосостојби и вакви богатства како што добив јас вечерва... Извинете ресторан Хепи ако е лом столчето од водењаков, ќе купиме ново“ – стои во пораката на Сара.

Сара Мејс, Димитар Атанасовски Сара Мејс, Димитар Атанасовски

Сара била на детски роденден кога ѝ пукнал водењакот, по што веднаш се упатила на породување. „Сара Мејс за малку ќе се породеше на детски роденден, ама ај тоа во наредна прилика ќе се раскажува“ – сподели Димитар.

Познатата харфистка и пејачка и популарниот водител стапија во брак во 2017 година, а нивната ќерка Илина се роди во септември 2018 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11042 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.