Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви ги насолзи очите: Божиќно видео за дедо кој преку рецепти ги оживува спомените со покојната сопруга

Ќе ви ги насолзи очите: Божиќно видео за дедо кој преку рецепти ги оживува спомените со покојната сопруга

По предизвиците со кои се соочувавме во изминатите неколку години, сè поголем е бројот на компании кои преку емотивни видеа носат бран позитивност меѓу луѓето.

Американската компанија „Крогер“ создаде божиќна реклама која ни ги буди среќните спомени поврзани со празничната сезона. Во неа е прикажан дедо кој ја наоѓа тетратката со рецепти на покојната сопруга и решава самиот да приготви некои од нејзините специјалитети. Додека ги пробува јадењата, започнува да ги оживува спомените со саканата и семејството кога сите заедно славеа на трпезата со вкусни специјалитети.

На крајот, тој споделува јадење со внуката со која заедно ја слави празничната сезона.

„Денешните празнични моменти се утрешни спомени“ – е пораката на видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11236 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.