Почетна » Новости » Занимливости » Љубовта пред сè: Јапонска принцеза се откажа од кралската титула за да се омажи за саканиот

Љубовта пред сè: Јапонска принцеза се откажа од кралската титула за да се омажи за саканиот

Јапонската принцеза Мако го жртвуваше статусот во име на љубовта.

30-годишната припадничка на јапонското кралско семејство се откажа од титулата за да се омажи со момчето кое го сака, а кое е обичен граѓанин. Внуката на царот Акихито и нејзиниот сакан Кеи Комуро стапија во брак на приватна церемонија зад затворени врати.

Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро

Нивната веридба предизвика контроверзии во јавноста и многумина го обвинуваа Кеи дека се жени со Мако за пари. Свадбата на парот требаше да се одржи пред 3 години, но беше одложена поради финансиски скандал поради неплатен долг на неговата мајка.

По стапувањето во брак, Мако и Кеи одржаа прес-конференција на која се извинија за непријатностите кои произлегле од нивната врска. Мако рече дека бракот е неопходен чекор за да ги заштитат нивните срца и ги критикуваше медиумите кои ширеле невистини за нив поради кои имала пострауматски стрес синдром.

„Ја сакам Мако. Имаме само еден живот и сакаме да го поминеме со саканата личност. Многу сум тажен што Мако беше во многу лоша состојба, физички и ментално, поради лажните обвинувања“ – рече Кеи, кој поседува своја фирма во Њујорк. Се очекува парот да се пресели таму.

Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро

Мако и Кеи се запознале преку заеднички пријател на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, каде и двајцата студирале, а по кратко време, таа го прифатила неговиот предлог за брак. Бидејќи нејзиниот избраник е обичен граѓанин, законот ѝ наложува да се откаже од статусот за да може да се венча со него. Мако се откажа и од богатство од над милион долари кое ѝ следува со излегувањето од кралското семејство.

Мако и Кеи Комуро Мако и Кеи Комуро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11419 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.