Почетна » Новости » Занимливости » Љубов и по 64 години брак: Слатка фотосесија на пар на кој треба да се огледуваме

Љубов и по 64 години брак: Слатка фотосесија на пар на кој треба да се огледуваме

Фотографка сними фотосесија со повозрасен пар кој е во брак 64 години и испраќа порака дека младите генерации треба да се огледуваат на нив.

На фотографиите направени од Келси Фрејзир може да се види љубовта која партнерите ја имаат еден кон друг. Иако имало моменти кога нивниот брак не бил лесен, тие секогаш избирале да останат еден покрај друг и според нив, тоа е тајната на долгиот брак.

Пар Пар

Пораката на Келси е следнава:

64 години БРАК.

Ѝ го поставив тешкото прашање кое сите сакаме да го знаеме... КАКО?

Ме погледна и со мала насмевка на нејзиното лице ми рече: „Па, имаше моменти кога сакав да избегам. Не избегав. Едноставно останав.“

Деновиве, треба да се огледуваме на ваквиот тип на врски. Врски кон какви што треба да се стремиме да ги создадеме во нашите животи, врски кои сакаме нашите деца да ги гледаат и кои ќе се молиме еден ден да можат да ги искусат. Не мора на нив да пишува „Бајка“. Не мора да има некаков „опис“. И покрај тоа, го покажува трудот што треба да се вложи во еден брак. Ги покажува подемите и падовите, болестите, финансиските проблеми и наоѓањето решенија. Но, што е најважно, сакаме да ни покаже дека борбата вреди.

Се надевам дека еден ден јас ќе бидам во слична ситуација во иднина и дека некој фотограф ќе ме праша „КАКО?“, а јас ќе му одговорам: „Па, имаше моменти кога сакав да избегам. Не избегав. Едноставно останав.“

За жал, оваа генерација на долги бракови, кои издржаа со години и години, бавно исчезнува. Наздравувам за паровите како овој. За оние парови на кои се огледуваме и се надеваме дека ќе бидат пример за останатите млади двојки кои сонуваат за истото.

Пар Пар Пар Пар

Во коментарите, многу корисници кои се или биле во долг брак го искажаа нивното гледиште. Еве неколку од нив:

„Во брак сме речиси 68 години. Дали беше лесно, се разбира дека не, но вредеше. Запомни, ако ти чувствуваш дека сакаш да избегаш, веројатно и тој се чувствува така. Вистината е дека се сакаме еден со друг и нашето семејство е најважното нешто во нашиот живот. Се надевам на уште добри години.“

„Секоја личност која е во брак долго време сака да избега во одреден момент. Бидејќи ние луѓето имаме маани и тешко е да се живее со нас. Но, знаете ли што? Да знаете дека имате некој кој НИКОГАШ нема да се откаже од вас, вреди напорно да се трудите.“

„Бев во брак 69 години и 9 месеци, а потоа, тој умре. Љубовта е одлука, а не чувство. Чувството доаѓа и си оди, но одлуката е засекогаш.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.