Почетна » Новости » Занимливости » Јуниор програмата на ИФФК „Браќа Манаки“ под покровителство на Бимилк

Јуниор програмата на ИФФК „Браќа Манаки“ под покровителство на Бимилк

Во рамки на Јуниор програмата на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува од 22 до 29 септември во Битола, компанијата Бимилк се јавува како главен покровител.

Преку ова покровителство, всушност Битолска млекара уште еднаш ја покажува својата поддршка за децата, давајќи придонес во нивното културно образование и поттикнувајќи ги вистинските вредности од најмала возраст.

Бимилк Бимилк

„Не случајно одбравме да ја поддржиме токму детската програма на ИФФК 'Браќа Манаки', бидејќи токму децата се нашата најважна категорија, за која компанијата покажува континуирана грижа, почнувајќи пред сѐ од грижа за нивното здравје и нивниот правилен раст и развој, а секако и поттикнувајќи ги да ја препознаваат и ценат културата и филмската уметност уште од најмали нозе. Верувам дека благодарение на нашата поддршка успеавме да ја збогатиме детската програма и ги покануваме сите деца да ги погледнат селектираните филмови“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Бимилк Бимилк Бимилк

Инаку, Јуниор програмата на 39-тиот ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува од 25 – 27 септември од 10 часот во Големата сала во Центарот за култура во Битола, а од Бимилк најавија мали, здрави изненадувања за сите присутни деца.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.