Почетна » Новости » Занимливости » „Јазикот нема коски, но е доволно силен за да скрши срце“: Лекција на учителка со 2 јаболка за малтретирањето

„Јазикот нема коски, но е доволно силен за да скрши срце“: Лекција на учителка со 2 јаболка за малтретирањето

Жална е реалноста што многу луѓе, мали и големи, млади и стари, ги исмејуваат луѓето околу себе за лична сатисфакција, без да помислат дека еден погрден збор може да остави огромна лузна врз нечиј живот.

Креативна учителка инспирирана од случка од својот живот, реши да ги подучи децата за вистинските вредности во животот. Таа со помош на скапано и здраво јаболко им одржа важна лекција на учениците за последиците кои исмејувањето и малтретирањето ги оставаат во туѓата внатрешност.

Прочитајте го и пренесете го примерот со две јаболка, која несомнено ќе се вгнезди во малото главче на секое детенце кое ќе ја чуе.

На еден од денешните часови, им претставив на децата две јаболка (децата не го знаеа ова, но пред да започне часот јас неколкупати го фрлав едното на подот. Двете јаболка изгледаа исто, не можеше да се забележи). Зборувавме за јаболката и децата ги опишаа како еднакви, црвени, со слична големина и привлечни за јадење.

Јаболка

Го подигнав јаболкото кое го фрлав на подот и започнав да им кажувам на децата дека не ми се допаѓа, дека ми одвратно, дека бојата му е ужасна, а дршката прекратка. Им кажав дека бидејќи мене не ми се допаѓа, не сакам да им се допаѓа ниту нив и дека треба да го нарекуваат со погрдни зборови.

Некои од децата ме гледаа како да сум луда, но си го подававме јаболкото еден на друг во круг, велејќи му: „Ти си смрдливо јаболко“, „Не знам зошто воопшто постоиш“, „Веројатно има црвја во тебе“ итн.

Навистина го измалтретиравме кутрото јаболко. Дури почна да ми станува жал за него.

Потоа, започнавме да си го подававме второто јаболко, но нему му кажувавме убави зборови: „Ти си прекрасно јаболко“, „Твојата кожа е убава“, „Бојата ти е прекрасна“ итн.

Откако завршивме, ги зедов двете јаболка и пак зборувавме за сличностите и разликите меѓу нив. Немаше разлика, двете јаболка сè уште изгледаа сосем исти.

Ги пресеков јаболката на половина. Јаболкото со кое бевме љубезни беше чисто, свежо и сочно внатре. Јаболкото пак, на кое му кажувавме лоши зборови, беше скапано и кашесто во внатрешноста.

Мислам дека на децата веднаш им „светна сијаличката“. Навистина им стана јасно дека она што го видовме во внатрешноста на јаболкото, скапаните и кашести делови, се случува во секој еден од нас кога сме малтретирани со лоши зборови и постапки.

Кога луѓето се исмејувани, особено децата, тие внатрешно се чувствуваат ужасно, иако понекогаш тоа не го покажуваат пред другите. Ако не го сечевме јаболкото на половина, никогаш немаше да дознаеме колку многу болка сме му причиниле.

Го споделив моето искуство за страдањето поради лоши зборови кои една личност ми ги кажа минатата недела. Однадвор изгледав како да беше сè во ред, се смеев. Но, внатрешно чувствував болка поради нечии зборови и бев повредена.

За разлика од јаболкото, ние имаме способност да го спречиме ова. Можеме да ги научиме нашите деца не треба да си кажуваат лоши зборови меѓусебе и да дискутираме какви чувства им предизвикуваат тие. Можеме да ги научиме да се поддржуваат еден со друг и да престанат со секаква форма на измејување, како што денес постапи едно малечко девојче, кога одби да го навреди јаболкото.

Внатрешната болка ќе расте и расте ако никој од нас не преземе нешто за да го спречи исмејувањето. Ајде да создадеме генерација на мили и грижливи деца.

Јазикот нема коски, но е доволно силен за да скрши срце. Затоа, бидете внимателни со своите зборови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.