Почетна » Новости » Занимливости » „Што има лошо во тоа жена да старее?“: Жена му возврати на маж кој ѝ продаваше крем против брчки

„Што има лошо во тоа жена да старее?“: Жена му возврати на маж кој ѝ продаваше крем против брчки

Жена на совршен начин му одговори на продавач кој преку коментари за нејзиниот изглед и нејзината возраст се обидувал да ѝ продаде производи против стареење.

Постот на Аник Робинсон наиде на десетици илјади лајкови на Facebook и привлече многу пофалби од припаднички на понежниот пол.

Аник Робинсон

Бев на аеродром и се упатував кон излезот, кога маж од спа ме вовлече во разговор, подавајќи ми бесплатен природен сапун. НИШТО НЕ Е БЕСПЛАТНО ЛУЃЕ! Барем не на аеродром, нели?

Вака течеше разговорот, иако признавам не е сè пренесено од збор до збор.

Мажот: „Твојата кожа изгледа многу природно, не си нашминкана, така?“

Јас: „Ммм, нееее?“

Мажот: „Дозволи ми да ја погодам твојата возраст...“ И продолжи да дава бројка, 12 години помлада одошто сум.

Јас: „Изгледам според мојата возраст и тоа всушност е ОК.“

Мажот: (не беше сигурен како да реагира на тоа) „Чекај да ти покажам серум за лице, бидејќи ако не внимаваш во негата на кожата сега, тие брчки на лицето ќе станат подлабоки, додека да наполниш 45 години, кремовите веќе нема да можат да ти помогнат.“

Јас: „Што има лошо во тоа жената да изгледа како да има 40 години?“

Мажот: „Да позборуваме за вреќичките под очите и линиите од смеење, мојот крем за очи ќе го подобри изгледот за само 15 минути.“

Јас: „Што им фали на моите очи? Дома имам бебе чудо и се немам наспано 2 години, па ако имам вреќички, благодарна сум за нив. Со мојот сопруг се смееме многу. За линиите тој е виновен. Нему му се допаѓа како изгледам... не ми треба твојот крем.“

Мажот: (нервозно) „Може изгледаат ОК сега, но додека да наполниш 50 години, ќе биде предоцна да ја коригираш виснатата кожа и длабоките брчки, освен ако не реагираш одма, ќе можеш да ги коригираш само со операција.“

Јас: „Што има лошо во тоа жена да старее? Знаеш, со маж ми едвај чекаме да остарееме заедно, зборуваме за тоа постојано, за тоа како ќе бидеме смешен, збрчкан стар пар. И маж ми ќе остари, сите ќе остариме. Таков е животот.“

Мажот: (гледајќи нервозно кон клиентите во неговата продавница кои нè слушаа) „Чекај, ако цената е проблем, можам да ти понудам специјална оваа седмица – сите три кремови за 199 долари – тоа е поевтино од Ботокс!“

Јас: „Изгледам добро сега. Кога ќе имам 45 години, ќе изгледам добро и кога ќе имам 50 години, пак ќе изгледам добро, зашто нема ништо лошо во тоа жена да старее. Напредната возраст е привилегија која им е одземена на многумина и не ми се допаѓа што ги оцрнуваш жените како тактика за продавање. Фала ти ама не ми треба твојот крем.“

Ова е лицето кое моите деца и мојот сопруг го сакаат. Мислам дека ќе го задржам.

Откако објавата на Аник стана вирален хит, таа ја надополни со нов коментар во кој ги кани жените да им речат „НЕ“ на брендовите чија тактика е да предизвикуваат негативни чувства кај припадничките на понежниот пол за да ги зголемат продажбите. „Да започнеме движење, ајде да ставиме крај на предаторските практики за маркетинг кои им продаваат на жените самоомраза од лулка до гроб. Жените имаат поважни нешта за правење во 2016 година од тоа да ја трошат секоја минута во грижа за брчките или прифаќањето на бутовите. Следната генерација има потреба вие да ја промените играта. Ајде да започнеме движење кое им вели НЕ на брендовите кои бараат да се мразите себеси со цел да ги продаваат нивните продукти“ – пишува таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.