Почетна » Новости » Занимливости » Што е потребно за успех во бизнисот?

Што е потребно за успех во бизнисот?

Комерцијален текст

Постојат многу алатки и можности кои имаат директно влијание на развојот на бизнисот. Сепак, само една услуга е клучна во личниот развој на претприемачите и развојот на нивниот бизнис.

Коучингот има за цел да ги подобри перформансите на клиентите, најчесто низ работа „еден на еден“, како и преку примена на специфични знаења и вештини. Преку коучингот претприемачите имаат уникатен увид во своите методи на работа. Во консултација со обучени коучи, тие ќе можат да креираат ефективни бизнис планови, да го подобрат односот со вработените и да се развијат како личности делумно ослободувајќи се од стресот кој го носи одговорноста на нивната позиција.

Ваквиот тип на коучинг услуги, со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) веќе е испробан од неколку жени претприемачи.

Јасна и Ивана Христовски се сопственички на фирма за обезбедување услуги за алтернативен и авантуристички туризам. Тие влегоа во Коучинг програмата со намера значително да го зголемат годишниот приход и профит на својата компанија.

Деловна жена

„Менторството дојде во најдобар можен момент. Во 6-тата година од постоење на нашиот бизнис сфативме дека нѝ е потребна промена. Направивме анализа на бизнис процесите и утврдивме цел и насока во која ќе се движиме. Порано се нѝ беше во една папка, а сега е во одделни фајлови. Започнавме да правиме детални неделни статистики и анализи, а преку разговор добивавме идеи за развивање на бизнисот. Пред менторството продажбата беше ограничена само на еден продажен канал, а сега ја проширивме и онлајн, преку веб страната, социјалните мрежи, а склучивме договори и со странство. Претходната година во екот на сезоната немавме ниту еден слободен ден, а сега воведовме еден слободен ден во работната недела и повторно имавме повисока заработувачка. Советите кои ги добивавме ги реализиравме и времето ги покажува резултатите. За прв пат започнавме да изнајмуваме опрема, а планираме да продаваме и брендирана опрема. Најважно е што добивме самодоверба да зацртаме повисоки цели и да ги остваруваме,“ истакнуваат тие.

Сузана Димитриевска е сопственичка на претпријатието Липа од с. Мустафино кое се занимава со органско земјоделие.

„Менторството многу ми помогна да ги фокусирам активностите во водење на бизнисот, а она што го применувам во продавницата да го применувам и во кооперативата. Пристапот на менторство и поставувањето на неочекувани прашања ме натера да ги редефинирам сопствената визија и цели. Понекогаш се чувствува дека коучот е повеќе загрижен за мојот успех во бизнисот отколку јас самата,“ порачува Сузана.

Коучинг програмата за овие бизниси беше поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus. Активно работејќи на поддршка на жените претприемачи, ИМЕ го промовира и Коучингот за зголемена продажба, а ја поддржа и обуката на коучи за нејзино спроведување.

Оваа година ИМЕ програмата планира да овозможи дополнителна поддршка на 50 жени претприемачи преку ко-финансирање на коучинг програмата за зголемување на продажбата. Заинтересираните жени менаџери, претприемачи и сопственици на бизниси можат да ги искусат придобивките од коучингот за раст на бизнисот со посетување на демо-сесиите организирани преку ИМЕ Програмата од кои првата е закажана за 31 март во комплексот „Македонско село“ во Скопје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11558 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.