Почетна » Новости » Занимливости » Што да очекувате кога организирате свадба во Скопје Мериот Хотел?

Што да очекувате кога организирате свадба во Скопје Мериот Хотел?

Совршена свадба од бајките и исполнување на вашите соништа за изгледот на свадбениот ден – тоа треба да го очекувате и тоа ќе го добиете доколку организирате свадба во Скопје Мериот Хотел.

Изборот на локација за организирање свадба е многу позначаен отколку што може да се претпостави. Автентичноста и ексклузивноста на самиот простор во голема мера придонесува кон целиот амбиент, изглед и впечаток што го остава овој значаен ден.

Скопје Мериот Хотел Скопје Мериот Хотел

Покрај стилски и дизајнерски уредениот ентериер на Скопје Мериот Хотел, организирањето свадба во овој простор нуди многу можности и содржини кои што се ретки и единствени. Кон тоа придонесува и единствениот лустер, којшто овозможува илуминација на просторот во која било боја. На тоа се надоврзува изобилството на детали, чие што внесување во просторот ја надополнуваат магијата и прави вашата свадба да биде различна и оригинална.

Посебната просторија пред влезот во големата сала е една од овие новини. Наменета е да ги пречекате и да организирате мал прием за вашите гости и со тоа да ѝ дадете сосема поинаков и развој на церемонијата. А во самата сала, единствено во Скопје Мериот Хотел има специјално дизајниран подиум за танцување, што несомнено ќе придонесе кон зголемување на веселбата.

Тука, за реализирање на сите ваши идеи и уште да ви помогнат со совети и решенија, Скопје Мериот Хотел ја нуди платформата Meetings Imagined, за интерактивно креирање совршен настан. Ова платформа нуди решенија, знаење, идеи, трендови како и различни концепти за свадбениот ден да изгледа совршено.

И на крај, единствено во Скопје Мериот Хотел како подарок добивате, првата брачна ноќ да ја поминете во една од уникатните соби на хотелот, а за вашата прва годишнина Мериот ви подарува романтична вечера во ресторанот и бар „Дистрикт“. Само свадба организирана во Скопје Мериот Хотел ќе ви овозможи секогаш со радост и задоволство да се навраќате на вашиот свадбен ден.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.