Почетна » Новости » Занимливости » Шпаркасе 4-та година со поддршка на фестивалот Браќа Манаки

Шпаркасе 4-та година со поддршка на фестивалот Браќа Манаки

Во пресрет на овогодишното 34-то издание на интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки, Шпаркасе Банка ја продолжува традицијата на поддржувач на најреномираниот филмски фестивал во Македонија.

Дуплирајте убавини

„Ни претставува чест што веќе четврта година по ред сме дел од Фестивалот Браќа Манаки. Со можноста да придонесеме кон развојот на филмската уметност преку Фестивалот, дуплираме убавини, го збогатуваме и унапредуваме. Се залагаме, сакаме и сме иницијатори на уште поголема поддршка на уметноста од страна на бизнис заедницата, бидејќи таа е од големо значење за нејзиниот развој и унапредување. Таа е амбасадор на нашите вредности“ -  изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија.

Во фестивалските денови Шпаркасе Банка Македонија планира и низа активности кои ќе се случуваат во Битола и низ Македонија, со посебен акцент на едукација на најмладите во доменот на филмот и магијата на седмата уметност. Со слоганот „Дуплирајте убавини“, Шпаркасе ги повикува сите љубители на филмската уметност и воопшто, сите граѓани, да споделуваат вредности секогаш кога за тоа имаат можност.

Шпаркасе Банка Македонија последната година акцент стави на општествената одговорност како стратешки приоритет во корпоративното управување. Иницијативите во доменот на вложување во општествени добра веќе се видливи и вклучуваат бројни проекти, меѓу кои и оние од доменот на развојот на културата, уметноста и филмот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11954 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.