Почетна » Новости » Занимливости » Шминкајте се храбро и не бегајте од впечатливите бои

Шминкајте се храбро и не бегајте од впечатливите бои

Шминката е идеален начин за да ја покажете вашата креативност и уникатност. Припадничките на понежниот пол, особено оние на возраст до 35 години, најчесто сакаат да експериментираат со бои, а и младоста е период од животот кога треба да се пробуваат нови нешта. Тргнувајќи од таа почетна позиција, козметичката компанија Avon неодамна промовираше новa линија на производи под името Mark наменетa за жените кои не се држат до безбедните комбинации и шминката ја гледаат како продолжение на својот живописен карактер.

Впечатлива шминка

Mark е составен од широка палета на маскари, моливчиња и сенки за очи, течни пудри, пудри во прав и бронзери, кармини, лакови и шминки за пред и потоа. Трите основни карактеристики кои ги поврзуваат сите овие производи се: нагласениот, модерен и забавен дизајн. Креативниот тим на Avon овој пат им нуди на девојките богат избор на производисо кои ќе им се отворат повеќе опции за да се изразат себеси.

Впечатлива шминка

Линијата Avon Mark е полна со интересни и впечатливи шминки, но ние ќе одвоиме само неколку од нив. Дел од понудата е сјајот со 3Д ефект кој ги зголемува усните и достапен е во различни транспарентни нијанси. Станува збор за производ кој совршено се вклопува со руменилото со кое ќе ги исцртате контурите на лицето.

Моливчето за очи, по можност мултифункционално, мора да го има секоја жена која ги следи модните трендови. Со него може да го постигнете ефектот на заводливите очи како на мачка и многу други варијанти. Вашата фантазија нека ве води, а моливчето користете го како алатка за да ја искажете својата креативност.

Впечатлива шминка

Боите и пожестоките нијанси се враќаат на голема врата во мејкап сферата, а сенките за очи Avon Mark овозможуваат да им се приближите на лудите диско 80-ти. Не се ограничувајте на совети и препораки туку дозволете си да пробувате нови нешта и сами да најдете што точно ви одговара. Ставете една точка на очниот капак или пак линија, едноставно бидете храбри. Запаметете дека единствен критериум е дали вие сте задоволни и дали се чувствувате убаво.

Впечатлива шминка

Линијата Avon Mark од неодамна е достапна и во Македонија. Повеќе информации за производите може да најдете на веб-страницата на Avon avoncosmetics.com.mk.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11438 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.