Почетна » Новости » Занимливости » Шимпанзо со прегратка се заблагодари за тоа што му го спасија животот

Шимпанзо со прегратка се заблагодари за тоа што му го спасија животот

Шимпанзото Вунда било на работ на смртта кога вработените од Институтот „Џејн Гудол“ го зеле во центарот за рехабилитација на шимпанза. Со години тоа било негувано за да му се подобри здравјето.

Патувањето на Вунда

Па, кога дошол моментот да замине да живее слободно на остров во Република Конго, Вунда на емотивен начин ѝ се заблагодарило на Џејн Гудол – со топла прегратка.

Патувањето на Вунда Патувањето на Вунда Патувањето на Вунда Патувањето на Вунда

Несекојдневниот момент е прикажан во видеото посветено на Вунда, едно од многуте шимпанза кои живеат во резерватот на Џејн.

Вунда со пријатели еден месец по пуштањето на слобода

Џејн Гудол им го посвети својот живот на приматите. 79-годишната Британка се смета за прв експерт во светот за шимпанза. Иако наскоро ќе влезе во деветтата деценија од животот, таа не запира и ја користи секоја минута за да работи на спасување на шимпанза и инспирирање на други луѓе да направат сè што можат за светот да биде подобро место за живеење.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.