Почетна » Новости » Занимливости » Шест важни здравствени придобивки од свежото млеко

Шест важни здравствени придобивки од свежото млеко

Млекото е важен дел од нашата исхрана. Почнуваме да го пиеме уште како деца, а потоа го консумираме и како возрасни. Некои луѓе го избегнуваат млекото бидејќи се плашат дека тоа е премногу масно за нивната здрава исхрана, други бидејќи мислат дека веќе се доволно стари за да пијат напивка што ја пиеле како деца, трети, пак, зашто од него едноставно повеќе немаат здравствени придобивки. Сепак, научниците и експертите откриваат дека никогаш не сме престари за да уживаме во придобивките од пиењето млеко, особено свежо млеко, кое е вистински тренд во светот.

Свежото млеко кое, за разлика од минатото, нема веќе потреба да го вариме, има голем број хранливи материи и е одличен извор на витамини и протеини, а секако, тука се и големите здравствени бенефити за човекот, како еластична и здрава кожа, здрави коски и заби, цврсти мускули, намален стрес и поздраво тело и организам.

Бимилк
  1. Блескава кожа. Клеопатра се капела со млеко со цел нејзината кожа да остане еластична, мека и да сјае. Истото можеме да го постигнеме и со пиење по неколку чаши на ден свежо млеко. Свежото млеко има одредени хранливи вредности кои ѝ помагаат на кожата да сјае и да се одржува здраво, а некои аминокиселини што ги има во млекото овозможуваат хидратација на кожата.
  2. Здрави коски и заби. Свежото млеко е одличен извор на калциум, кој е од суштинско значење за да имаме здрави коски. Ова значи дека немаат само децата потреба од свежо млеко додека нивните коски се развиваат, туку и возрасните, кои треба да ги одржуваат коските здрави и цврсти со цел да спречат остеопороза. Свежото млеко исто така е добро за здравјето на забите, го спречува нивното расипување и создавањето кариес. Со цел калциумот да биде апсорбиран во телото, потребно е присуство на витаминот Д. Доколку имаме недостиг на витамин Д, треба да пиеме свежо млеко кое освен што содржи калциум, богато е и со витамин Д.
  3. Мускули. Свежото млеко содржи протеини што помагаат во изградбата на мускулите. Чашка свежо млеко по вежбање му овозможува побрзо закрепнување на телото, а притоа спречува и дехидратација по губењето течности за време на физичката активност.
  4. Губење на тежината. Последните студии откриваат дека жените кои пијат исклучиво свежо млеко остануваат повеќе време сити и не „грицкаат“ во текот на денот. Чашка свежо млеко за време на паузата со парче овошје е совршена ужина наместо некои нездрави грицки.
  5. Помалку стрес. Чашка топло свежо млеко за крај на денот ни помага да ги релаксираме мускулите и нервите. Докажано е дека свежото млеко ги намалува симптомите на ПМС-от, но и ни дава енергија. Чаша млеко пред спиење е одличен избор кој овозможува добар сон поради тоа што млекото содржи триптофан – аминокиселина која го поттикнува сонот.
  6. Здраво тело. Свежото млеко го намалува високиот крвен притисок и ризикот од удар. Тоа го намалува производството на холестерол во црниот дроб, а може да дејствува и како антацид. Витамините А и Б коишто ги има во свежото млеко може да помогнат во одржувањето добар вид и воопшто во одржување на добрата состојба на организмот.

„Бимилк“ во својата богата палета млечни производи го има и Битолското свежо млеко со 3,2% млечна маст. Добиено од најдобрите фарми во Македонија, висококвалитетното Битолско свежо млеко нема потреба да се вари. Освен сите нутриционистички предности кои ги нуди трајното млеко, свежото битолско млеко е хранливо, вкусно и неговото редовно консумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11380 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.