Шведската принцеза Софија беше во посета на природен резерват во Седерманланд заедно со сопругот Карл Филип и поголемото синче Александар. Кралското семејство пристигна на кочија.
33-годишната бринета беше облечена во удобна комбинација која ја надополни со бели патики од Superga.









Најголемо внимание кај фоторепортерите привлекуваше нивниот 2-годишен син.













Парот има уште еден син, Габриел, кој на крајот од месецот ќе наполни една година. Карл Филип и Софија стапија во брак во јуни 2015 година.
Пред неколку дена шведското кралско семејство објави фотографија од Софија и Карл Филип со двете деца.