Почетна » Новости » Занимливости » „Чоколадна земја“ по вторпат во „Веро-центарот“

„Чоколадна земја“ по вторпат во „Веро-центарот“

Од 13 февруари до 13 март во Веро-центарот по втор пат ќе се одржи „Чоколадната земја“, настан кој минатата година развесели многу љубители на чоколадото, им понуди можност за истражување на светот на чоколадото, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт.

И оваа година со избор од над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци, посетителите ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во дегустацијата, промотивните цени на чоколадите, како и во специјалната и богата програма за најмалите.

Чоколадна земја

„Чоколадото е еден од најпопуларните и најпрепознатливите вкусови во светот. Без разлика на возраста, сите сакаат чоколадо и со подеднаква страст уживаат во него. Оваа година обезбедивме 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо. Креиравме и забавни игри и анимации за деца, кои ќе заминат одовде со прекрасни спомени и убави награди. Среќни сме што на нашите потрошувачи можеме да им приредиме ваква забава и глетка со бескрајно примамливи чоколадни производи, но и ние во Веро подеднакво им се радуваме на овие денови. Знаете како велат; Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден“ – изјави во смеа Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.

Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.

Веро-центарот ги повикува сите дечиња заедно со нивните родители да дојдат и да ги вкусат најслатките чоколади и да уживаат во светот создаден само за нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.