Почетна » Новости » Занимливости » „Чоколадна земја“ и овој викенд продолжува во Веро-центарот

„Чоколадна земја“ и овој викенд продолжува во Веро-центарот

По големата посетеност на првиот чоко-викенд, слатките задоволства се подготвени за дегустација и во следите неколку недели.

На 13 февруари во Веро-центарот по вторпат започна фестивалот „Чоколадна земја“, настан кој предизвика голем интерес кај посетителите, посебно кај најмладите кои имаа можност покрај дегустацијата да ги покажат и своите вештини во декоририање на слатките задоволства благодарение на работилниците осмислени токму за нив.

Чоколадна земја

На фестивалот посетителите имаат можност да се запознаат со избор од над 1000 различни чоколадни производи од 9 домашни и странски производители. Бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци се само дел од асортиманот кој овој фестивал веќе втор викенд ќе им го понуди на посетителите кои ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во дегустацијата, промотивните цени на чоколадите, како и во специјалната богата програма за најмалите.

Работилниците и забавните игри и овој пат нема да изостанат од програма, па така овој викенд ќе се изработуваат слатки од разни материјали, а играјќи „Слатка меморија“ децата ќе можат да добијат безброј слатки награди.

Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот потрошувачите можат да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25569 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.