Новак Ѓоковиќ израдува негов голем фан од Македонија. Врвниот српски тенисер сними специјална порака за Петар Мијалков, кој има аутизам.
„Здраво Петре, Пецо. Како си? Ти испраќам еден голем поздрав, еден голем бакнеж и прегратка од Белград. Се надевам дека наскоро ќе се видиме во живо и ќе се запознаеме. Те сакам многу и те гушкам. Чувај се“ – му порачува Ѓоковиќ.
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) November 3, 2020
Таткото на Петар, Зоран, сподели и видео од широката насмевка која Ноле ја измами кај неговиот син.
#ЗаСреќаТребаМалку
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) November 3, 2020
Голема благодарност за Ноле @DjokerNole кој не само што е најдобриот тенисер туку е пред сѐ Човек со голема душа и срце
Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш
Силата на Љубовта pic.twitter.com/V7tsIlfgs8
Најтешко на човек му е кога не може да се исплаче кога му е тешко на душата
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) November 3, 2020
Јас неколку месеци не можев, а последниве месеци ми беа едни од најтешките
Денес од среќа за Петар се расплакав
Новак @DjokerNole снимил видео порака за Петар и со душа чекам Петар да ја види
Зоран е еден од основачите на „Сплотени срца“, здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби, кој непрекинато се бори за подобрување на условите во државата за лицата со попреченост.
